Најписмен народ, легална марихуана, необични јадења…: 8 работи кои малкумина ги знаат за Северна Кореја
Северна Кореја е синоним за авторитет, контрола и репресија, а секојдневниот живот во неа е мистерија за остатокот од светот. Меѓутоа, оваа таинствена земја годишно ја посетуваат околу 100.000 туристи.
Еве неколку неверојатни работи кои веројатно не сте ги знаеле за Северна Кореја.
Марихуаната е легална
Северна Кореја има нешто заедничко со Холандија, Колорадо и Уругвај – сите држави ја имаат легализирано марихуаната. Во Северна Кореја конкретно е дозволено да се купи и пуши канабис на јавни места.
“Канабисот се одгледува ширум Северна Кореја, а владините агенции дури го извезуваат и на тој начин заработуваат”, вели Сокил Парк, директор за истражувања и стратегии на непрофитната организација “Liberty In North Korea”.
Алкохолот не е забранет
Изобел Јенг во 2003 година учествувала на маратон во Пјонгјанг и известувала за некои изненадувачки аспекти од животот во Северна Кореја.
“Многу луѓе имаат погрешни уверувања и мислат дека многу работи во Северна Кореја се забранети. Меѓутоа, ние се уверивме во спротивното веќе во текот на првата ноќ. Цела вечер пиевме вотка и пеевме во едно од кабареата во Пјонгјанг”, вели Јенг.
Ги обожуваат “Битлси” и анимираната серија “Family Guy”
Западната култура не е непозната во Северна Кореја, како што многумина мислат.
“Од познатите шеги од “Family Guy”, преку познавање на најголемите хитови на познатите “Битлси”, до дебата за играчите на Манчестер Јунајтед – речиси сите слоеви на општеството покажуваат големо знаење за западната култура”, вели Изобел.
Имаат најголема стапка на писменост во светот
Според податоците на “Светската книга на факти”, стапката на писменост во Северна Кореја изнесува 100 отсто, односно целото население постаро од 15 години знае да чита и пишува.
Го имаат најголемиот стадион на светот
Стадионот “Први мај” се наоѓа во Пјонгјанг и е најголем стадион на светот, благодарение на капацитетот од 150.000 гледачи. Тој се користи за натпревари во разни спортски дисциплини, а истиот е изграден во 1989 година.
На менијата можат да се најдат некои многу необични јадења
“Храната е многу вкусна во Северна Кореја. Незаобиколно јадење е кимчи, ферментирана кисела зелка (слична на нашата), но на менијата можат да се најдат и јадења од кучешко месо”, вели Јенг.
Постои правило наречено “3 генерации казнување”
Севернокорејскиот закон спроведува политика наречена “3 генерации казнување”. Тоа значи дека ако некој изврши злосторство, ќе бидат казнети и неговите деца и внуци, а казната е цел живот поминат во логор. Еден од најлошите прекршоци кој некој од Северна Кореја може да го направи е да се обиде да ја напушти земјата. За тоа дело ќе биде убиен или ќе добие продолжена казна во некој од работните логори”.
Немаат најавторитарен режим на светот
Секоја година невладината организација “Freedom House” рангира топ 20 најконтролирани земји на светот. Иако Северна Кореја е исклучително авторитарна држава, таа е сепак трета на листата зад Сомалија и Сирија.