Изјава која предизвика бурна полемика во Германија: „Спасуваме луѓе кои за неколку години ќе бидат мртви“

Во Германија се води полемика ‘дали треба да се спасуваат животите на луѓето по секоја цена?’…

Полемиката за тоа дали треба да се спасуваат животи по секоја цена, ја покренал потпретседателот на германски „Бундестаг“, Војфганг Шојбле, а потоа дополнително ја заострил еден германски градоначалник со неговата контроверзна изјава, пренесуваат од „Дојче Веле“.

„Ќе ви се обратам целосно брутално: ние во Германија можеби спасуваме животи кои што секако за половина година ќе бидат мртви, поради својата старост и веќе постоечките болести“ – изјавил Борис Палмер, гладоначалник на германскиот град Тибинген оваа седмица во утринска програма на приватната телевиззија „Час 1“.

Тој изнел податоци дека сиромаштијата која што настанала ширум светот поради уништувањето на економијата, според проценките на ОН, однесува животи на милион деца.

„Кога ќе го погледнете бројот на смртни случаи од корона, тогаш ќе видите дека повеќето од нив се со над 80 години. А, ние знаеме дека поголемиот дел од нив, секако ќе починат“ – го објаснил својот став Палмер, кој што е член на партијата на Зелените.

Тој со своите изјави се вклучил во бурната дискусија која што била покрената по објавеното интервју на претседателот на германскиот парламент, Волфганг Шојбле.

Шојбле зборувајќи за ограничувањето на уставните права во актуелната криза, изјавил:

„Кога слушам дека се останато е подредено за заштита на животите, тогаш морам да кажам – тоа апсолутно не е точно“.

„Доколку во нашиот Устав воопшто постои некоја апсолутна вредност, тогаш тоа е човечкото достоинство. Но, тоа не исклучува дека мора да умреме“ – додал тој.  

Овие изјави се ‘опасни’, оценил претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Норберт Валтер – Борјанс и предупредил дека можно е да ги загубиме и животите и парите, доколку брзоплето се укине ограничувањето поради ‘погрешно сфатена споредба на парите и животот’.

Меѓу другото, изјавите на Шојбле ги критикувале и останатите партии во Германија и германската Фондација за заштита на пациентите.

Така, Катрин Геринг – Екарт, истакнува дека должност на државата е да ги штити животите на своите граѓани и да направи се за да не дојде до колапс на здравството.

Но, исто така таа вели дека мора да се земе предвид дека животот има многу поголема нијанса отколку преживувањето, па како пример ја навела потребата на старите луѓе за дружење со семејството кое што моментално не смее да ги посетува.

Претседателот на Германскиот совет за етика, Петер Даброк вели:

„Не смееме начелно да ја подредима должината на животот и неговиот квалитет“ – изјавил тој за весникот „Ханделсбалт“.

Translate »