Низ Скопје помина конвој на електрични возила
Новите технологи во мобилноста веќе се присутни во нашата држава, но треба да најдеме сили да станат подостапни за граѓаните преку директни субвенции од власта. Оваа порака денеска ја упати Оливер Велковски од организацијата за електрични возила „Е-мобилност Македонија“ во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018.
Тој информира дека веќе петта година континуирано со Град Скопје го организираат електричниот полигон, наменет за едукација на основци и средношколци за новите технологии во мобилноста.
– Електричниот полигон оваа година го збогативме со уште еден настан кој го нарековме електричен конвој, каде сите возила од електричниот полигон преку ревијално возење се упатија низ градските улици без директно да го загадуваме воздухот во градот, рече Велковски. Додаде дека е потребно да се овозможат бесплатни патарини, паркинзи, да се направи коридор од брзи полначи, а увозните давачки да бидат помали.
Главниот извршен директор на Македонски Tелеком Никола Љушев изјави дека Македонски Телеком ја поздравува секоја идеја која е поттик за нашата заедничка дигитална иднина. Како технолошки лидер, Македонски Телеком вложува во „паметни решенија“ кои ќе го унапредат урбаното живеење и ја штитат животната средина. Наша стратешка определба е да бидеме партнер во дигитализацијата на општеството и градовите, и преку технологијата да придонесеме за поквалитетен живот на граѓаните. Нашите решенија веќе функционираат со позитивни резултати, едно од нив е решението за паметен јавен превоз и електронско плаќање во автобусите во градот Скопје, а подготвени сме да понудиме решенија за паметен паркинг, паметно осветлување, управување со отпад, паметни клупи итн. Имаме и решение за паметно полнење на електрични возила – кое вклучува инфраструктура за полнење на електрични возила, софтвер за управување со електричните полначи и апликација која ќе им помага на возачите на електрични возила да пронајдат, да резервираат и да платат за полнењето на електричните возила. Исто така, Телеком има посебен возен парк од паметни велосипеди за вработените, го имаме и првото електрично возило.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов изјави дека е-мобилноста е иднината и додаде оти преземаат се што е во нивна надлежност за да ги стимулираат граѓаните. Поставени се полначи за електрични автомобили, ги стимулираат граѓаните да купат, да употребауваат ваков тип автомобили за кои има и бесплатен паркинг. Шилегов рече дека скопјани се возат во првиот електричен автобус
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Петер Штефан најави дека одлучиле да инвестираат во инфраструктурата и во наредниот период планираат да постават повеќе од 30 електричнин полначи во секој поголем град низ државата.