Нови „бомби“ од Ел Чека: Ахмети сега ќе ја разбере мојата посветеност
На Фејсбук продолжува објавата на нелегално прислушувани материјали на профилот Ел Чека во кои главни соговорници се функционери од ДУИ.
Тој најавува дека ќе продолжи со објавувањето.
– Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат, за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје.
Или ќе бидат затворени како криминалци, или Заев ќе падне!, пишува утринава објавувачот на новите бомби.
Објавувачот тврди дека нелегално прислушуваните материјали му ги дале осудените за случајот „Диво насеље“, кои сега се во затор.
„Ел Чека“: Сѐ ќе објавам и материјалите ќе ги испратам до ЦИА
Лицето со прекар „Ел Чека“, на социјалните мрежи продолжува да објавува прислушувани материјали во кои тврди дека соговорници се високи функционери на ДУИ. Во една од своите објави на фејсбук Ел Чека пишува дека во консултација со адвокат ќе ги објави сите материјали коишто ги поседува и оти потоа фајловите ќе ги испрати до ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје.
МВР информираше дека го лоцирале објавувачот и оти го известиле обвинителството, додека пак, објавувачот, кој се наоѓа во Чикаго, не го крие својот идентитет и постојано објавува фотографии од себе.
Тој предупреди дека ќе продолжи со објавување на нови „бомби“, најавувајќи дека ќе има уште „пострашни“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво насеље, како што ветуваше ДУИ. Ел Чека тврди дека нелегално прислушуваните материјали ги има добиено токму од т.н. Кумановска група, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.