Ова е точниот момент на страшниот судар во Будимпешта: Крузерот удира во брод кој веднаш се превртува на страна! Потонал за само 7 секунди

Унгарската полиција на прес-конференција прикажала нова снимка од бродоломот во Будимпешта во кој настрадале најмалку 7 лица.

По околу 20 патници се трага, меѓутоа, има се помалку надеж дека ќе се пронајдат уште преживеани. 

На снимката од надзорните камери може да се види како огромниот крузер “Викинг Сигин” удира во туристичкиот брод “Сирена”.

Од јачината на ударот, бродот се превртел и потонал. Полицијата наведува дека бродот потонал за околу 7 секунди.

Патниците во главно биле туристи од Јужна Кореја, а потрагата ја отежнува високиот водостој.

Сосема обичната обиколка на Дунав се претворила во вистинска трагедија, откако на бродот во кој имало 32 патници и двајца членови на екипажот, по судирот со другото пловило, потонал кај мостот Маргарет.

Translate »