Цела Италија е во карантин, но луѓето сеуште излегуваат од своите домови!

Цела Италија е во карантин од 10-ти март, а луѓето смеат да ги напуштат своите домови само доколку не можат да работат од дома или пак поради купување намирници и лекови.

Италијанските власти ја разгледуваат можноста за строга забрана на движење, откако податоците на телекомунициските компании покажале дека премногу луѓе излегуваат од своите домови.

Само во Ломбардија околу 40 отсто од луѓето и понатаму се движат наоколу, објавиле властите.

Италијанската влада ќе ја разгледа одлуката за забрана на џогинг поради тоа што очигледно дека многумина од луѓето го потценуваат ризикот од болеста.

Цела Италија е во карантин од 10-ти март, но очигледно е дека таму мора да се преземат некои построги мерки за забрана.

Полицијата соопштила дека од 11-ти до 17-ти март сопрела многу луѓе да се движат низ градовите и поднела речиси 45.000 прекршочни пријави поради кршење на правилата за движење.

Translate »