Кина го победи коронавирусот, па сега ѝ помага на Италија: Во Милано пристигнаа 300 доктори и тони опрема
За прв пат од избивањето на епидемијата на коронавирусот од декември минатата година во кинески Вухан, не е забележан ниту еден нов случај.
Националната здравствена комисија пријави 34 нови случаи во регионот, но сите новозаразени во Кина пристигнале од странство. Кинеските власти соопштија дека досега во земјата биле заразени 81 илјади од кои 3 илјади починале.
Во меѓувреме, над 300 доктори за интензивна нега од Кина пристигнаа во Италија со цел да им помогнат на своите италијански колеги во лекувањето на пациентите. Заедно со нив пристигнаа и тони опрема – заштитни маски, респиратори и други медицински помагала.
Second Chinese medical team arrives in Milan#coronavirus #COVID201914:42 AM – Mar 19, 2020Twitter Ads info and privacySee ivan’s other Tweets
Сепак, колку и да е великодушна и добредојдена кинеската помош, на Италија и остатокот на Европа тоа нема да им биде доволно, иако станува збор за земји со исклучително развиен здравствен систем.
Само на една привремена болница во Милано ѝ се потребени 500 доктори и околу 1,400 медицински сестри за грижа на 400 пациенти кои се на интензивна нега.
Second Chinese medical team arrives in Milanhttp://img.youtube.com/vi/FpAmMeoB-0I/0.jpg …
Second Chinese medical team arrives in Milan
The second Chinese medical team has arrived in Milan to deliver equipment and help with the fight against the coronavirus. The group …
4:08 AM – Mar 19, 2020Twitter Ads info and privacySee censored.today’s other Tweets
Вчера во Милано пристигна и група од 37 доктори и 20 тони медицинска опрема која ќе биде распределена во болниците ширум Ломбардија, подрачје во Италија кое е најмногу погодено од епидемијата на коронавирусот.