Несекојдневни сцени: Животните лутаат по улиците во градовите што се во карантин

Во земјите како Италија, Тајланд и Јапонија е зголемена присутноста на животни на улиците поради тоа што нема луѓе.

Милиони жители од урбаните средини останале во своите домови поради карантинот кој е воведен како мерка за спречување на ширење на Ковид-19. Социјалните мрежи или добрите книги се само дел од начините да се помине овој кризен период, но природата донесе неочекуван исход од забаната за движење по улиците.

Во градовите на одредени земји е зголемена присутноста на животните на улиците. Тие се шетаат без страв, бидејќи луѓе речиси и да нема.

Во јапонски град царуваат елени

Нара е град кој е познат по паркот во кој живеат голем број елени, но некои од нив почнале да излегуваат на улиците во потрага по храна. Обично улиците на овој град се полни со туристи, а фотографиите од елените кои живеат во Нaра се дел од најголемите атракции. Луѓето обично ги хранат со крекери. Бројот на посетителите во паркот се намалува во последните недели, па елените немаат друг избор освен да побараат храна на улиците.

okadennis@okadennis

🦌
😁

今朝の動画
コンビニへ寄り道の巻#奈良#鹿7012:53 PM – Mar 4, 2020Twitter Ads info and privacy389 people are talking about this

На Твитер се објавени голем број фотографии од елените, а тоа предизвика шок и страв кај жителите на Нара. Некои корисници велат дека е забавно да се видат во градот.

Joshua Potash@JoshuaPotash

Deer in Nara, Japan are used to tourists feeding them.

Now, coronavirus has halted tourism.

And the deer are racing through the streets looking for food.7102:13 AM – Mar 17, 2020Twitter Ads info and privacy472 people are talking about this

Мајмуни на Тајланд

Второто видео покажува изгладнети мајмуни на градскиот плоштад во Лопбури, Тајланд.

Животните и во Италија

Италија е една од најпогодените земји од коронавирусот. Многу градови се целосно изолирани поради пандемијата, а на социјалните мрежи кружат фотографии кои покажуваат дека низ пустите улици се шетаат овци, диви свиње и коњи, пренесува „Bored Panda“.

Еден Италијанец објави фотографија која прикажува како коњите слободно се шетаат по улиците на неговиот град.

Translate »