Македонија во очите на странците – Три минутно видео направено од полски туристи ќе ви го направи денот поубав (ВИДЕО)
Уште еден доказ за тоа колку треба да ја цениме и сакаме нашата држава е токму ова видео. Mateusz Kanownik, студент по кинематографија, неодамна со своето друштво биле во посета на Македонија. Своите доживувања и одлична забава ги пренесуваат преку ова видео. Посетата на Охрид и Скопје и дел од убавините на Македонија ги пренесуваат преку три минутно видео кое ќе ви го направи денот поубав.
Погледнете и уживајте во тоа што со зборови не може да се опише:
Бела вода- привлечен туристички центар
Сите ние постојано велиме дека Македонија е прекрасна, но голем број од нас, всушност, не ја виделе таа убавина со свои очи. Затоа треба да се искористи секој слободен момент и убавото време и да се организира незаборавна еднодневна екскурзија или еден викенд за нас и за нашите најблиски на место каде што не сме биле никогаш досега. На тој начин барем малку подобро ќе ја запознаеме Македонија и со сигурност ќе имаме убаво искуство кое долго ќе го паметиме. Можеме да одбереме помеѓу водопадите, убавите манастири и цркви, културно-историските знаменитости и други убавини што ги нуди нашата земја.
Планини, реки, снег, чист воздух и вкусна храна. Македонија изобилува со понуда за сечиј вкус за туристите во сите сезони. Освен етаблираните зимски центри, во последно време сè повеќе атрактивни се и досега недопрените предели и алтернативни дестинации кои се прекрасни и полни со убавини.
Таква е и месноста Бела Вода, скриена зад околните ритчиња од Малешевијата, богата со реки и чист воздух. Поминувајќи покрај популарната викенд-населба Суви Лаки, по само 5 километри возење кон Берово, се открива овој центар кој е уште една од многуте убави македонски дестинации.