(Видео): Успешно спасени две туристки од Полска паднати во пресек од карпа над амбисот кај „Трескавец“
Денеска, успешно се реализира акција за спасување две туристки од Полска кај манастиркиот комплекс „Трескавец“, паднати во пресек од карпа над амбисот, координирани преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, а во координција со РЦУК Прилеп, со надлежните институции за вакви случаи од Системот за управување со кризи, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од таму посочуваат дека „успешната спасувачка акција конкретно и бргу ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, членови доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп.
„Во 16 часот двете туристки – млади девојки од Полска, од локација кај манастирот ‘Трескавец’, преку единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, побарале помош бидејќи при движење надолу од манастирот кон градот паднале во процеп на стрмна карпа над амбисот и биле во опасност да се повредат, а едната од нив се држела за карпа. Тие биле дел од поголема група туристи и биле заостанати од групата што се враќала од посетата на македонскиот прекрасен и познат манастирски комплекс. Известени сме дека покрај доброволното друштво ‘Златоврв’ од Прилеп, на терен излегла екипа и од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило) од 16.10 ч. За настанот биле известени и ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола)“, се вели во соопштението..
Двете девојки од Полска биле пронајдени и извлечени во 17.15 часот и се во добра здравствена состојба.