Мицкоски најави дека ќе лобира за старт на преговорите со ЕУ

Добро е да имаме предвремени парламентарни избори зошто државата оди во погрешна насока, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено” на ТВ Алфа.

Мицкоски за можноста ЕУ во октомври да ни додели датум за старт на преговорите вели:

-Еве летото помина, помина јуни, јули еве го дојде, велеа јуни, јас повторно велам ниту јули нема да биде. Па сега се репроектира датумот некаде во октомври, правдајќи го тоа како некакви технички причини и слично. Од оваа перспектива неколку недели потоа дадовме понуда до Зоран Заев и рековме, нас не ни треба да влеземе во Влада, еве не сакаме. Јавно и тогаш кажав не ни треба да делиме Влада со тебе како премиер на чело на таа Влада. Ние едноставно сакаме да ви помогнеме да во периодот до октомври колку толку успееме заеднички да ја донесеме Македонија пред добивање датум за отпчнување преговори со ЕУ. Неколку недели поминаа немаме повратен одговор од Владата, ниту се формирани работни групи и слично. И јас еве можам да кажам дека оваа понуда не беше со неограничен рок, таа престанува да важи, ВМРО-ДПМНЕ ќе си го фати својот пат ќе се обиде на начин на кој што ние знаеме и умееме да ги убедуваме нашите партнери од сестринските партии да го поддржат датумот за отпочнува преговори на Македонија со ЕU,

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека се може да се очекува од Заев и од луѓето што се околу него. Дури , како што рече, да дојдат и да го приведат.

За случајот со Рашковски, Мицкоски смета дека Рашковски е дел од скандалозно, криминално дејствие и додаде оти тоа го прави по задача на неговиот претпоставен, кој и го заштитува.

Мицкоски посочи дека на државата и е потребно да се стави крај на, како што рече, криминалното, расипничко и ненародно владеење на СДСМ и Заев. Укажа на криминал, незаконски дејствија, злоупотреби во судството и во обвинителството, а се задржа на економијата, енергетиката… Соопшти дека нема да бидат дел од пописот и ќе ги повикаат граѓаните да не се попишуваат затоа што, како што рече, мислиме дека овој начин на попишување единствено е на штета на мнозинската, македонска етничка заедница.

МАКЕДОНИЈА

Translate »