7-годишно момче почина од Ковид-19 во САД, немало други болести
Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава Џорџија од почетокот на пандемијата на коронавирус. Малиот Афроамериканец немал други здравствени проблеми.
Веста за неговата смрт дојде во време кога владата расправа низ целата земја за учебната година и за ризикот од инфекција или ширење на коронавирусот со кој се соочуваат децата. Во извештајот не е наведено каде или кога детето се заразило.
Претходно, најмладиот случај на коронавирус во Џорџија беше регистриран кај 17-годишен Афроамериканец во округот Фултон кој имал други здравствени проблеми покрај Ковид-19. Според податоците на таа држава, повеќе од 30 лица кои имаат околу 20 години починале од вирусот.
Во Џорџија, според последните податоци, од вирусот починале над 4.000 луѓе, а потврдени се и повеќе од 200.000 случаи на инфекција.