ПРОНАЈДЕНА СЛАБА ТОЧКА НА КОРОНАВИРУСОТ
Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија „слабата точка“ на коронавирусот САРС-КоВ-2.
Порталот Science Daily известува дека експертите тестирале терапевтско средство против коронавирусот и откриле дека 3CLpro (C30 ендопептидаза) е основниот ензим во развојот на вирусот САРС-КоВ-2.
Коронавирусните 3CL протеази се силни терапевтски цели, бидејќи играат клучна улога во репликацијата на коронавирусот. При користење на пронајдените инхибитори на оваа протеаза кај лабораториски глувци, се покажа дека овој препарат ја запира репликацијата на вирусот.
Според научниците, таквото влијание врз слабата точка на вирусот овозможува блокирање на репродукцијата не само на МЕРС, туку и на коронавирусот МЕРС-КоВ и САРС-КоВ-2.
Како следниот чекор, експертите ја истакнуваат потребата од тестирање на ефективноста на лекот кај луѓето.