Сауна во домот! Потребен е мал простор, а придобивките за подобрување на имунитетот се огромни!

Сауна во домот! Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз и место за уживање, сауната со своите бројни позитивни ефекти врз здравјето е пред се потреба. Посебно во денешните динамични услови на живеење, на изложенст на стрес и притисоци.

Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.

Во услови кога времето е најголемиот ресурс, не секогаш можеме да одиме во сауна која е оддалечена од нашето место на живеење, така што идеално би било кога би имале сауна во сопствениот дом. Инвестицијата е многу мала, а доволен е многу мал простор, метар на метар, за нејзино поставување. Зошто да не си овозможите секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството во домашната сауна.

Здравјето нема цена! Поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства .

Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.

Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Финците дефинитивно ги знаат предностите на овој еликсир, и секако максимално ја користат сауната.   

На следниов линк http://pirinexport.mk/ можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба. Изборот на сауна пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства потребни за монтажа. Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба не чини многу, а задоволството е непроценливо. Животот е убав и затоа треба да уживаме максимално во него.

Translate »