Еко идеја: Национален парк на туристите по пошта им го враќа ѓубрето кое го оставиле зад себе
Посетителите на националните паркови во Тајланд наскоро би можеле да започнат да добиваат пакети во кои управата им го испраќа ѓубрето што го оставиле зад себе.
По многубројните посетители кои оставија купишта ѓубре минатиот викенд во националниот парк Као Јаи во близина на Бангкок, на министерот за животна средина Варавут Силпа-арча му дојде идеја, па го спакува ѓубрето и им го врати на сопствениците по пошта.
„Го зедовме вашето ѓубре и го ставивме во картонска кутија, па затоа ви го испраќаме дома. Ова треба да ве научи никогаш повеќе да не фрлате ѓубре на друго место”, стои во пораката прикачена на пакетот.
Камперите по доаѓањето се пријавиваат во управата на националниот парк, па затоа е лесно да се дознае нивната точна адреса и локацијата на нивните шатори каде што бил оставен отпадот.https://www.facebook.com/v8.0/plugins/post.php?app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df1bfba689460b3c%26domain%3Dlokalno.mk%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Flokalno.mk%252Ff2115b11538fef8%26relation%3Dparent.parent&container_width=0&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FTOPVarawut%2Fposts%2F1058561024595169&locale=bg_BG&sdk=joey&width=618
Сепак, заедно со кантата за ѓубре, несовесните кампери ќе добијат и пријава до локалната полиција за кршење на прописите за националните паркови.
„Ѓубрето може да биде опасно за животните како срна ако го изеде и се обиде да го свари пластичниот отпад што луѓето го оставаат зад себе“, објаснува Нарин Пинсакул од паркот Као Јаи.
Министерот Варавут на својата страница на Фејсбук објави фотографија со празни шишиња и вреќи со грицки подготвени да бидат испратени по пошта.
Загадувањето на животната средина со ѓубре се казнува со затвор до пет години или со парична казна до 500.000 бахти (16.000 американски долари), според тајландскиот закон за животна средина.https://www.facebook.com/v8.0/plugins/post.php?app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df1d82bb018acd4c%26domain%3Dlokalno.mk%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Flokalno.mk%252Ff2115b11538fef8%26relation%3Dparent.parent&container_width=0&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FTOPVarawut%2Fphotos%2Fa.674770099640932%2F1058560724595199%2F%3Ftype%3D3&locale=bg_BG&sdk=joey&width=618
Као Јаи, отворен е во 1962 година и е најстариот национален парк во Тајланд. Со своите водопади и импресивната флора и фауна на повеќе од 2000 квадратни километри, тој се смета за еден од најубавите паркови во таа земја во Југоисточна Азија.