НИКОЛОВСКИ: ВО ВМРО-ДПМНЕ ИМА КАПАЦИТЕТНИ ЛУЃЕ, КОИ НЕ СЕ НА КЛУЧНИ ПОЗИЦИИ ПОРАДИ МИЦКОСКИ
На прашањето дали очекува поддршка во Собранието од пратениците од опозицијата во поглед на клучни одлуки и закони, вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски изјави дека има капацитетни луѓе во ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние тоа го зборувавме во текот на целата кампања. Жалосно е што не се на клучните позиции, меѓутоа Мицкоски не може да контролира се во партијата. Сметам дека кај некои пратеници од опозицијата има целосно разбирање дека навистина даваат поддршка на овој евро-атлантски пат. Очекувам за клучни политики да имаме поддршка од плус пратеници од опозицијата“, вели Николовски и додаде Уставот е таков што дозволува пратеници да дадат поддршка на Владата, иако се од опозиција.
Тој најави дека на функциите може да дојдат и луѓе кои не се партиски кадри.
„Институциите се на државата, не на партиите. Ние как оопоединци сме одговорни за процесите. Имаме отворен транспаренетн процес на избор на кадрите. Заврши времето како во 2016 година кога Груевски со едно решение на влада смени од министер до шофер, 2.000 луѓе. Тоа е мината пракса. Мора да има план и извештај“, вели вицепремиерот.