Загаденоста чука на врата, граѓаните креваат раце, велат „само тешко на народот оставен сам на себе“

андемијата во комбинација со загадениот воздух, ќе бидат смртоносна комбинација за сите ако власта итно не преземе конкретни чекори, алармираат граѓаните во пресрет на новата зимска сезона. Тие се жалат дека државата ништо не правела за работите да мрднат кон подобро. Велат, тешко на народот кој е оставен сам на себе.

Од негрижа уништи се и зелените билборди, кој имаа функција да го прочистуваат воздухот. Граѓаните велат дека надележните не мрдале ни со прст да одржат нешто што е донирано, а камо ли нешто повеќе. Се жалат дека парите отишле во ветер, наместо да се чува тоа што е корисно.

  • Ова е катастрофално. Мислам дека властите мора под итно нешто да преземат нешто ако сакаме барем малку да живееме како што треба. Ако вака продолжат и ако си гледаат само за себе, мислам дека нема далеку да одиме. И пандемија и загадување, мислам дека ќе биде многу лошо, велат граѓаните.

Дека почна сезоната на загадување, покажа и апликацијата Мој Воздух која измери високи стапки на загаденост. Први на удар беа скопските општини Карпош, Аеродром, Кисела Вода, но и мерната станица во Маџари, Гази Баба.

Translate »