Рангелова-се срамам од мојата постапка да станам, додека се гласаше за уставните измени
Најтежок момент во мојата политичка кариера беше кога станавме и ги оставивме колегите да гласаат за уставните измени. Од таа седница излегов плачејќи, бидејќи тие ни се колеги. Вака емотивно пратеничката Даниела Рангелов го опиша моментот како се чусвтсвувала на седницата за отворање на Уставот во дебатана емисија на телевизијата 24.
-Нема да си дадам оставка како пратеник, затоа што јас сум добила мандат од граѓаните. Јас ќе функционирам во рамки на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нема да гласам за уставните измени. На денот на гласањето на референдумот ние што излеговме да гласаме дочекавме да бидеме масакрирани и тоа од ботови кои се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, најмногу ме загржи што тоа беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Во претходното раководство барем се имало јасен став. Грешка била што во минатото сум ќутела, сега сакам да ги поправиме грешките. Додека Груевски беше на чело, имаше предлог да се исклучат реформаторите, јас и уште неколкумина бевме против и тие не беа исклучени. Јас се срамам од таа моја постапка да станам додека се гласаше за потребата од уставните измени. Во изминатиот период се ширеше една пропаганда и сметав дека ако останам да седам со нив ќе ме обележат уште повеќе. Јас од таа седница заминав со плачење. Тој чин беше нечовечен и јас се срамам од него, рече Рангелова.
Во актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ има неколку луѓе, кои вршат сериозен притисок врз членовите и функционерите на партијата. ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија и нејзините членови и функционери имаат право на сопствено размислување, рече пратеничката Даниела Рангелова, која денеска поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак останува дел од пратеничката група на оваа партија.
Рангелова во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 истакна дека верува и дека поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, кој беше исклучен од потесното раководство на партијата, кој исто така требаше да биде гостин во емисијата, но подоцна се јавил да инфомира дека не знае дали може да стигне, всушност не пристигнал бидејќи бил изложен на притисок.
-И вечерашното недоаѓање на Митко Јанчев е од тие причини. Се слушнав со него пред час и половина. Ми кажа дека доаѓа. Сега е под некаков притосок. Не прејудицирам од кого, но е под некаков притисок, рече таа.
Ранегелова нагласи дека такви притисоци имало на денот на референдумот.
-Иако беше донесена одлука на ИК на партијата секој да постапи по свое убедување, јас кажав дека сакам да излезам и да гласам против. Кога на 30 септември јас и мојот колега Драган Данев излеговме да гласаме за потоа да бидеме масакрирани на социјалните мрежи и тоа во коверзација на ботови и Фејсбук профили, кои се наоѓаат во зградата на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш сериозно се запрашав дали има демократија во нашата партија, нагласи Рангелова.
Истакна дека ако работите продолжат да се движат во оваа насока партијата оди во изолација, но изрази надеж дека во неа има многу свесни луѓе, кои нема да дозволат тоа да се случи. -Не треба да има едноумие во партијата, рече таа.
Со доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на партијата очекувала дека таа ќе се демократизира, но напомена дека она што се случува во моментов е нешто сосема различно.
Рангелова рече дека лично се срами од постапката на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои беше и таа, кои на денот на гласањето за отпочнувањето на процесот за уставни измени станаа и на некој начин со презир гледаа кон нивните сопартијци, кои одлучија да го стиснат копчето и да дадат поддршка.
Појасни дека во тој момент имало шпекулации за некави поткупувања на пратеници, се плашела дека ќе биде жигосана, ако остане да седи дека ќе мислат дека гласала „за“ и оти со станувањето сакала да покаже дека нема да гласа. Изрази жалење поради тоа што во партијата настанала поделба меѓу патриоти и предавници.