Пантелеон ГС и Меѓународното училиште НОВА пoддржуваат исклучителни таленти во Македонија

Школувањето на генијалецот Македон Димитровски во НОВА целосно покриено

Силната посветеност кон современи образовни процеси и развојот на телентирани деца е видлива во одлуката на компанијата Пантелеон ГС и Меѓународното училиште НОВА да го поддржат образованието на Македон Димитровски, неверојатно надарен 9-годишен ученик од Тетово. Посебноста на Македон и неговите интелектуални и академски вештини ја наметнаа потребата за обезбедување соодветно образование кое ќе му овозможи остварување на неговиот целосен потенцијал.

Важноста на поддршката на Пантелеон ГС и на НОВА, за образованието на Македон е исклучителна, кога ќе се земе предвид поширокиот образовен контекст. Иницијативата на Пантелеон ГС и на училиштето, претставува одличен пример за тоа како приватниот сектор може да се вклучи во едукативниот процес. Учениците и студентите со огромен потенцијал честопати се соочуваат со економски предизвици кои можат да ги ограничат нивните понатамошни можности. Со оваа иницијатива, Пантелон ГС и НОВА сакаат да му помогнат на Македон и сличните на него.

Македон го започна основното образование како ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово. Тоа е период кога е нотирана неговата посебност, која далеку ги надминува неговите години. На 4 години почнува да се интересира за математика, а неговите исклучителни способности го привлекоа и вниманието на претседателот Стево Пендаровски, кој неодамна имаше привилегија да го запознае младиот генијалец. Медиумите исто така пројавија интерес да го запознаат ученикот и публиката доби можност да дознае повеќе за достигнувањата, интересите и идните аспирации на Македон. 

Посветеноста на Пантелеон ГС за образование и развој на таленти резонира длабоко во нивниот етос. Тргнувајќи од позиција на просперитетна компанија со над 110 вработени и годишен раст од 300%, компанијата го должи својот успех на својата единствена корпоративна култура со фокус на вработените, преку која се нагласува вредноста на секој вработен и неговата посветеност на значајна работа. Поддршка на надарени ученици како што е Македон, е дел од мисијата на Пантелеон ГС за поттикнување на позитивни промени, дури и во услови на економски предизвици кои често можат да ги одвратат компаниите од преземањето на таквов вид филантропски чекори.

Од друга страна, Меѓународното училиште НОВА е една од водечките образовни институции во државата, меѓународно акредитирано, а воедно и авторизирано да ја имплементира програмата по Меѓународна Матура во целост, т.е. од тригодишна возраст па до крајот на средното образование. Специјално дизајнираните програми, поддршката од специјализирани советници, меѓународната образовна средина, како и посветеноста на наставниот кадар кон различноста на ученичката популација, ја прават НОВА институција која ги поседува соодветните услови да ги поддржи напредните едукативни потреби на Македон, а воедно и да му обезбеди соодветен социо-емоционален развој.

Translate »