Фактор прашува: Дали конечно ќе се продаде зградата на Еуростандард банка?
Кој ја кочи продажбата на зградата на Еуростандард банка? Зашто институциите покажуваат нефикасност, и не ги спроведуваат постапките кои од нив се очекуваат. Кој има интерес од нејзиното непродавање? А очигледно е дека губат речиси сите штедачите, доверителите, граѓаните, државата. Губи од вредност и самиот објектот, кој повеќе од две години не се одржува и кој е во опасност да пропадне и да загуби уште повеќе од својата сегашна вредност.
Две лицитации беа неуспешни, а од третата предходно одложена, денес чекаме одговор!
Несомнено е дека работите треба брзо да се решаваат. Кој одлучува за тоа стечајниот управник, одборот на доверители, на крај на денот јавноста тоа и не ја интересира, туку дали конечно зградата ќе се продаде и ќе се обештетат депонентите.
Останува да видиме дали повторно влегуваме во институционален вртлог кој ќе го обезвредни и она малку вредно што остана од оваа Банка. Дали во сето ова има и политика! Дали тесни лични интереси доминираат над државните интереси. Бројни отворени прашања!.
Логично се поставува и прашањето дали повторно ќе дозволиме објекти кои се функционални да пропаѓаат!
Редакцијата на Фактор од самиот почеток ги следи случувањата со зградата на Еуростандард банка и информира за се што е поврзано со неа. Главната деловна зграда на Еуростандард банка е можеби еден од малкуте вредни имоти за обештетување на депонентите.
Македонската компанија Пантелеон ГС е единствена која покажа интерес на сите три лицитации. Станува збор за реномирана и респектабилна брзо растечка македонска аутсорсинг компанија која работи за компании на американскиот пазар. Компанијата има амбициозни планови за раст и развој, и во најскоро време сака и да го удвои бројот на вработени кој во моментов брои околу 110 талентирани млади луѓе.
Колку вреди оваа зграда?
Објектот има вкупна површина од 3489 квадратни метри, во кои влегуваат 1512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места. Канцеларискиот простор е само 1977 м2. Објектот ревизорската куќа РСМ Македонија го проценува на 5,3 милиони евра. Објектот не се продава парцијално туку целосно, и навистина станува збор за голем износ на средства за македонски услови кои треба да се издвојат за овој деловен објект.
Деловната зграда на Еуростандард банка е лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, надворешно изгледа атрактивно и секако е штета да не се користи од некого. Особено што со текот на времето ако не се одржува, ќе се обезвреднува и “може да ја прегази времето”!
Останува да видиме дали во оваа зграда ќе работат млади луѓе кои од Македонија ќе го живеат својот американски сон, или пак зградата ќе пропадне и никој нема да биде обештетен.