Ана Курникова и Енрике Иглезиас добија близнаци
Славната двојка од светот на шоу бизнисот, Курникова и Иглеизас , станаа родители. 42-годишниот пеач и 36-годишна бивша тенисерка добија близнаци – Луси и Николас. Курникова се породила во Мајами, на 16 декември, но оваа информација не е потврдена лично од нив. Врската мегу Енрике и Ана е многу приватна и дискретна, а датира уште од 2001-та година. Лани , русокосата руска тенисерка за првпат го покажа вереничкиoт дијамантски прстен, но ништо не беше потврдено.