H&M е мета на сериозни критики за расистичкиот скандал

Рсаистичи скандал го прати шведскиот гигант H&M, које  е мета на сериозни критики во јавноста.

Причината е спорна фотографија која се појави на нивната онлајн продавница на која е прикажано дете со темна боја на кожата облечено во блузон на кој пишува „Coolest Monkey in the Jungle”.

Овој непромислен чекор во маркетинг стратегијата на брендот, инстантно предизвика лавина негативни реакции и во медиумите и на социјалните мрежи, каде особено активен со коментари беше глобалната музичка ѕвезда The Weeknd. Тој има соработувано со H&M за кампањи за две колекции, што очигледно ќе бидат и последни по неговата јавна објава на социјалните мрежи дека лично се чувствува длабоко навреден и дека повеќе нема да соработува со нив.

Инаку, прв за овој скандал објави колумнистот Чарлс Блоу кој пишува за Њујорк Тајмс и кој преку својот Твитер профил директно им се обрати на челните луѓе во H&M со прашањето: Дали ова го направиле при здрава свест?

Иако спорната фотографија веќе е повлечена од сајтот, сепак ова им се препишува како огромен минус со оглед на тоа дека се работи за бренд кој таргетира млади луѓе и цели кон индивидуализам и различност.

 

 

One thought on “H&M е мета на сериозни критики за расистичкиот скандал

  • 15/01/2018 at 4:16 pm
    Permalink

    Оправдано доколку дукресот се поклонува само на црнците ?
    Доколку е наменет за продажба за сите луѓе на планетава, за што `скока` БлоУ ?

Comments are closed.

Translate »