Иванов не отиде на именден кај г.г. Стефан

Претседателот Ѓорѓе Иванов, иако поканет,  не дојде на традиционалниот Божиќен ручек и на именденот на поглаварот на МПЦ.

На  поканата се одзва  премиерот Зоран Заев и собранискиот спикер  Талат Џафери. Од кабинетот на Иванов за медиумите само кусо изјавија дека претседателот не се појавил на ручекот поради неодложни обврски. По завршувањето на ручекот изјава за медиумите не дадоа ниту поглаварот ниту неговите гости премиерот Заев и претседателот на Законодавниот дом Талат Џафери, а средбата се одржа во Архиепископска резиденција на Кале.

 

Translate »