Изложеноста на зелени декорации ја зголемува креативноста за 50%

Честото одење во природа не релаксира, го зголемува нашиот имунолошки систем и креативност. Ни открива нешто ново, предизвикува чуда и го буди позитивното во нас. Според студијата објавена во американскиот магазин “Личноста и социјалната психологија”, само со четири дена поминати во природа, далеку од електронските уреди, може да се зголеми креативноста за дури 50%.

 Дополнително, истражувањето покажало дека кога испитаниците во работните простории биле изложени на зелени површини, како на пример зелени декорации, зелени дизајни во различни форми, бонсаи дрва, рамки и растенија, дале подобри резултати, отколку оние кои биле изложени на бела боја.  

Бидејќи не секогаш можеме да престојуваме во природа, барем зелената декорација и нејзините позитивни ефекти можеме да ги внесеме во нашиот дом или канцеларија.! Токму поради тоа, тренд во светот, а и во Македонија е аплицирањето на вертикални градини направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, кои можат да се постават на било кое место во просторот. Станува збор за декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, кои не бараат одржување, нахранување, наводнување ниту пак светлина. Треба само да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди.

Изложеноста на зелени декорации го зголемува и имунитетот за околу 50%. Ако сакате зеленило, во простор каде  ни кактуси не успеваат, тогаш ова е вистинското решение за вас. повеќе инфо на https://flowercity.mk/

Translate »