Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што да направите за да го спречите тоа?

Секој од нас во одреден период од животот бил под стрес заради најразлични причини. Според експертите од областа, пандемијата со корона вирусот која сé уште е во тек без сомнение делува на зголемување на стресот помеѓу населението.

Делувањето на стресот освен психичко може да има и физичко ниво. Една понова студија утврдува силна релација помеѓу долготрајниот или хроничниот стрес и гојазноста.

Стресот е ризик-фактор за повеќе негативни состојби, вклучително и обезност

Истражувачите од една студија на оделот за епидемиологија и јавно здравје на образовната институција University College London (UCL), велат дека индивидуите кои се под хроничен стрес, односно имаат постојани високи нивоа на хормонот на стресот – кортизол, имаат значајно поголем ризик од развивање гојазност, во однос на оние со ниско ниво на кортизол.

Резултатите биле добиени од околу 2600 испитаници над 50 годишна возраст, а истражувањето се одвивало 4 години. Интересно, нивните нивоа на кортизол биле мерени со земање на примероци од влакната на косата.

На тој начин, истражувачите велат дека е овозможен полесен пристап до информациите за нивото на кортизол во подолги временски интервали. На овој начин според нив, се избегнало и мерењето на акутниот стрес.
Дополнително, повеќе други студии зборуваат за релацијата помеѓу емотивното јадење и стресот, но и за врската меѓу кортизолот и метаболниот синдром.

poveke na

Translate »