Петто продолжение на Индијана Џонс, Харисон Форд повторно во главната улога
Стивен Спилберг потврди дека ќе започне да се снима Петтото продолжение од серијалот за Индијана Џонс, следната година во Велика Британија. Улогата на славниот археолог и авантурист и овој пат ќе му припадне на Харисон Форд.
Спилберг оваа вест ја откри во говор, кој го одржа на доделувањето на наградата Empire во Лондон, каде му е врачено признанието „Legend of our lifetime“.
„Во однос на долгата клупа на таленти во Велика Британија, доаѓањето во оваа земја секогаш е исплатливо. Актери, техничари, столари, електричари и шофери – сите тие ми помогнаа да правам филмови и ќе продолжат кога ќе се вратам во април за токму овде да го снимам петтиот дел за Индијана Џонс“, изјави славниот режисер.
Харисон Форд уште еднаш ќе ја повтори својата најпозната улога, со која дебитираше во 1981 гоина.
Премиерата на петтото продолжение е планирана за во јули 2020 година.
Продуценти на филмот ќе бидат Кетлин Кенеди и Френк Маршал, а сценариото го потпишува Дејвид Коеп, кој со Спилберг работеше на епизодата „Indiana Jones and the kingdom of the crystal skull“, како и на филмот „Jurassic Park“.
Студиото Disney, кое е сопственик на правата на оваа филмска франшиза, од порано најави дека петтото продолжение нема да биде воедно и последно во серијалот, но и тоа дека Форд и Спилберг повеќе нема да бидат дел од него.