Родила на 60 години – За своето дете во Новата година посакува пристоен дом
Во Новата година среќната мајка посака пристоен дом за својата новородена ќерка. По 4 несупешни вештачки оплодувања, 60-годишната Атифа Љаиќ , минатата година роди здраво девојче Алина. Детето напредува одлично, иако малото семејство живее во мизерни услови, а таткото Шериф(69) е со лошо здравје. Немаат право на детски додаток, сопругот не работи и сите живеат од скромните примања на Атифа. Сепак не се жалат. “Знам дека ме озборуваат низ градот, но јас сум среќна бидејќи си родив дете. Тоа и на другите жени им го препорачувам, се се заборава кога ќе си го земете чедото во прегратка”, вели мајката. Детето повторно ги зближило Атифа и Шериф, кои претходно имале несогласувања и кавги во бракот. Сега нејзина најголема желба е да и обезбеди дом на ќерката. Со 32 години стаж, Атифа Љаиќ од Нови Пазар, не успела да си обезбеди ниту стан ниту куќа, а кредитот за оплодување одвај го исплатила.