Три намирници за долговечност по рецептот на жената која живеела 122 години
Најстарата личност на светот, Жан Луиз Калмент живеела 122 години. Британската компанија „Eden’s Gate“ спровела истражување за најстарите луѓе на светот за да открие што им помогнало да бидат долговечни.
Истражувањето опфатило шест луѓе кои се постари од 100 години. Исхраната, стресот и социоекономскиот статус играле важна улога во должината на животот. Калмент навела дека во текот на својот живот јадела три намирници секој ден – чоколадо, маслиново масло и вино. Истакнала дека чоколадо јадела по секој оброк, бидејќи чоколадото има бројни здравствени предности.
Истражувањето кое е објавено во списанието „Antioxidants & Redox“ покажало дека чоколадото е добро за срцето, дека помага во борбата против ракот и заразните болести кои го оштетуваат имуниот систем.
Американското здружение за срце наведува дека маслиновото масло содржи витамин Е кој го намалува нивото на лошиот холестерол (LDL). Поради тоа ризикот од срцеви болести е помал.
Резултатите од истражувањето кои се објавени во „Journal of the American College of Cardiology“ покажала дека консумирањето на големи количини на маслиново масло е поврзано со подолг живот. Лекарите советуваат да се користи наместо маргарин и мајонез.
Третата намирница за долговечност е виното. Жан Луиз Калмент рекла дека сакала да пие црвено вино.
Многу луѓе го консумираат овој вид на вино како медитеранска исхрана, која е прогласена за најздрава за организмот. Секако, важно е да консумирате умерени количини, но не повеќе од една чаша дневно.