Мицотакис: Ова е победа за цела Европа, не само за Грција
Киријакос Мицотакис денеска ќе положи свечена заклетва како нов премиер на Грција, по вчерашната убедлива победа на неговата партија на предвремените парламентрани избори.
До крајот на денот се очекува да ја објави и листата на новите министри во неговиот кабинет.
Ова е победа за цела Европа, не само Грција, порача новиот премиер.
Нова Демократија обезбеди апсолутно мнозинство од 159 пратеници од можни 300, додека Сириза има 86. Остатокот од распределбата е кај четири помали коалиции.
Премиерот во заминување Алексис Ципрас синока му честиташе на победникот.