Уникатни модни детали на Симона Петровски
-Моите клиенти се единствената сила која ми дава мотив секој еден ден , од утро до вечер, покрај ангажманите на работа и моето семејство, да се посветам максимално на ова хоби. Понекогаш и јас се запрашувам од каде ми доаѓаат идеите …но ете… ги има и се радувам на тоа затоа што тие го прават ова хоби посебно. Изработувам во мој стил ташни и ланчиња и по идеа на клиентите, некогаш тоа и дополнително ме мотивира и стимулира така што креативно се надополнуваме, вели Симона Петровски.
Со случајна соработка со едни прекрасни луѓе, занаетчии, ја започнавме новата приказна на уникатни ташни, која многу брзо, заради големата побарувачка, се разви во едно партнерство, еден тим, една прекрасна и верувам долга соработка, вели младата креаторка.