Со банани против срцев и мозочен удар

Најновите истражувања на научниците од универзитетот во Алабама покажуваат дека секојдневното консумирање на  храна богата со  калиум, како што се бананите, може да спречи  фатален исход од срцев и мозочен удар и  поволно  да  делува на  еластичноста и стеснувањето на артериите.

До ваков заклучок научниците дошле по експериментите со глувци на кои им било давана храна со различна количина на калиум. Се покажало дека  глувците кои добивале најмалку калиум имале крвни садови кои биле помалку еластични од оние кои примале храна која била побогата со овој минерал.

Научниците, сепак, предупредуваат дека не смеете да претерате со консумирање банани бидејќи тоа може да доведе до дијареја , стомачни болки и повраќање.

 

 

Translate »