Марија Ц.Маркоска за својот пат до успехот!
Марија Ц.Маркоска сопственик на фризерско-козметички салон Beautiful со 10 годишно работно искуство како козметичар и nail artist раскажува како до успехот:
Што е она што во услови на современ живот го дефинира успехот? Некој ќе рече дека тоа е чуство на среќа. Некои сметаат дека тоа е слобода. Јас сметам дека успех е никогаш да не престанеш да сонуваш. (never stop dreaming)
Мојот сон е да се негува убавината на жената, убавината да прерасне во совршенство од жена. Мојот сон го создаде салонот Beautiful и целиот тим. Ние ја имаме најубавата работа, вие ја имате убавината, а ние ви ја даваме светлината.
Убавината започнува со фактот да се прифатите себеси во целост. Застанете пред огледало и погледнете дали вие треба да бидете тоа што луѓето го забележуваат?
Убавината да биде комплетна косата секогаш треба да ви биде на прво место.Не сум фризерка, но сметам дека здрава и негувана коса со убав сјај ве прави посамоуверена!
Секогаш на вашата коса пружете и ја соодветната нега и вашата коса ќе ви биде багодарна.
Во нашиот салон нудиме многу третмани за сите типови на коса од големата палета на третмани кои ги нуди козметичката линија ИМЕЛ, а од која посебно би го истакнала третманот со Макадамија кој ми е омилен.
Макадамијата ефикасно делува за омекнување на влакното, и дава здрав и свилено нежен сјај на косата. Шампонот Макадамија од нежно го чисти скапот и се бори против оксидацијата предизвикана од термичките, механичките и стресовите предизвикани од околината. И дава тежина, сјај и виталност. Хидрира и потхранува по должината и врвовите. Ја прави екстремно сјајна,мека и свилена. Елиминира електрицитет, разлетаност и раздвоени врвови. Со еден збор Макадамија = совршенство!
Најдобар начин да ја предвидите иднината е да го создадете тоа што го сакате.
Колку поблиску сте до целта, толку е поголема конкуренцијата. Доколку не би постоела конкуренцијата не би постоел и успехот.Бидете свои.
Be strong, Be BEAUTIFUL, Be you!!!