Брижит Макрон во интересни комбинации, на гости кај грчкиот претседател
Брижит и Емануел Mакрон беа во дводневна официјална посета на Грција.
За вечера со државниот врв, како и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и неговата сопруга во претседателската палата во Атина, Брижит избра црвена креација со мала наметка.
Додека го разгледуваше Атинскиот акропол, заедно со партнерката на Алексис Ципрас, Перистера „Бети“ Базиана, 64-годишната прва дама на Франција изгледаше шик во црно-бела комбинација.
Францускиот пар се прошета низ улиците на Атина и израдува многу минувачи со селфи фотографии и љубезни поздрави. Синиот фустан на Брижит го носи логото на францускиот бренд Луј Витон.