Потресна исповед на Емел Рамковска за животот во затворот
Исповед на Емел Рамковска ќерката на Велија Рамковски за голготата што ја преживеа таа и нејзиното семејство од затварањето на А1 телевија па се до нејзиното излегување на слобода.
,,28 месеци јас не можев да ги видам моите деца, судијата не дозволуваше иако имав две годишно дете. Имав некои лекарски прегледи и тогаш само можев да ги видам. На децата морав да им ја кажувам приказната дека ние сме јаките и се бориме против лошите“– раскажа Емел Рамковска за емисијата Топ тема на Телма.
,,Притисокот и провокациите продолжија и во затворот.Едноставно сакаа да ме скршат. Кога одредија притвор од 30 дена мислевме дека ќе заврши лудилото, но следуваше и уште еден, па уште еден притвор. Толку беше страшно тоа што се случи што бевме среќни што сме живи.Немав слободни викенди оти преку една затвореничка ми порачаа дека не смеам да ги користам.,,
Таа рече дека сега кога се најавуваат промени во судството односно враќање на независноста и професионалноста, ќе ги бараат истите докази што биле користени против нив за да се отвори случајот повторно и да ја истераат правдата на виделина. За Велија рече дека е многу храбар човек, но дека никој не можел да превиди како процесот ќе заврши.
Според неа целта беше да се затвори телевизијата.
Таа во случајот „Пајажина“ беше осудена на 6 години затвор, и ја одлежа казната.