Шокантен случај, починала од фластери против болка
Зеница е во шок откако нивната сограѓанка Санела Ибраковиќ починала од “предозирање” со фластери против болка.Жената имала силни болки во половината и за да си ја олесни маката на грбот залепила дури 4 фластери. Во текот на викендот таа била пронајдена мртва во својот стан. Обдукцијата покажала дека причина за смртта била предозирање со лекот од фластерите. Од истрагата посочија дека починатата не го следела упатството на кое стоело дека е дозволена употреба на само еден фластер во еден ден туку ставила неколку што се покажало како кобно за неа. Фластерите таа ги добила од своите деца кои живеат во странство. Здравствените власти во БИХ апелираа до граѓаните ваквите средства да ги купуваат во аптеки и да се придржуваат до упатството за користење.