Еквадор ќе го предаде Асанж на Велика Британија

Во наредните недели или денови  Еквадор е подготвен да го предаде основачот на „Викиликс“ на британските власти, вели главниот уредник на РТ, Маргарита Симонијан.

„Моите извори ми велатдека (Џулијан) Асанж ќе биде предаден на Велика Британија во наредните недели или дури денови”, напиша Симонијан на „твит“кој беше објавено и од „Викиликс’

„Како никогаш порано, посакувам моите извори да грешат“, напиша таа.

„Твитот“ на Симонијан коинцидира со шпекулациите дека Еквадор разговара со Велика Британија околу иднината на Асанж, а оваа тема одново се врати во британскиот печат.

Претходно неделава, „Тајмс“ објави дека Велика Британија е во преговори во обид да го отстрани Асанж од амбасадата на Еквадор во Лондон.

Написот во „ Тајм“ доаѓа само неколку недели пред посетата на новоизбраниот претседател на Еквадор, Ленин Морено, кој го нарече Асанж  „хакер“, “наследен проблем“ …

Кон крајот на март оваа година, владата на Еквадор му забрани пристап на Асанж до интернет, така што тој е сосема исклучен од светот.

Асанж е затворен во амбасадата на Еквадор од 2012 година, каде побара азил .

47-годишниот Швеѓанец беше обвинет за сексуален напад, но стравува дека по екстрадицијата во Шведска, тој ќе биде предаден на САД.

Џулијан Асанж од почетокот на декември 2010 е во центарот на вниманието на светската јавноста поради објавувањето на тајни дипломатски документи на САД преку „Викиликс“ кои содржат детали за инволвираноста во војните во Авганистан и Ирак.

Translate »