Фудбалерот на ФК Барселона се забавува со скопјанката Драгана
Младиот фудбалер на ФК Барселона и еден од освојувачите на златниот пехар од светското првенство во Русија, Усман Дембеле очигледно титулата ја прослави со нашата позната старлета која веќе неколку години живее во Дубаи, Драгана Спасовска.
Драгана на својот профил објави фотографија на која позира во негово друштво со познатиот фудбалер, а на која се гледа дека таа навистина ужива во неговото друштво.
– Дембеле е срце, прекрасен човек и многу воспитан. Поминавме преубаво неколку дена, се забавувавме и верувам дека долго ќе ги памети тие денови. Речиси секој ден сум во комуникација со него, ми испраќа пораки, баш пред два дена и ме покани да го посетам во Франција – ни изјави Спасовска.
Инкаку Драгана стана позната на македонската јавност по провокативните фотосесии, а ја имаше и на неколку музички видеоспотови за познати бугарски пејачи.
Ѕирнавме зад камерите за време на снимањето на видео спотот на Македонски Телеком (фотогалерија)