Во која општина во Македонија има најмногу разводи
Лани во Македонија се развеле 1.994 брачни парови и тоа е над три пати повеќе од 1994 година. Дали сега сме многу понетрпеливи од тоа што биле генерациите пред нас? Зошто разводот е опција? Статистиката е поразителна затоа што намногу се разведуваат млади луѓе најчесто во брак од 5 до 9 години и парови во кои и двата партнери се со средно образование. Статистиката е поразителна… Прилеп има 103 разводи лани, а Охрид дури 101. Бројките кај Албанската популација покажуваат дека се разведуваат многу почесто од Македоците (ако се земе дека се 25 отсто од популацијата) и имаат 433 разводи, а Македонците 1.090
Минатата година се разделиле 1.994 парови. Најмногу разводи лани имало во Прилеп дури 103 и во Охрид 101. Од скопските општини прва на оваа листа е Аеродром со 73 разводи. Најмногу од разделените двојки се етнички Македонци. Лани се разделиле 1.090 македонски брачни двојки, на второ место се албанските 433. Ако како репер го земеме критериумот дека се 25 отсто од целото население излегува дека тие многу почесто се одлучуваат на развод од Македонците. Ова го покажуваат најновите податоци на државниот Завод за статистика. Ако е за утеха ланската година и не била најстрашна. Во периодот од 1994 година до сега најцрна е 2014 година кога имало 2.210 разводи.
Кои се статистички најризични години?
Според статистичките податоци најризични години за развод се тие кога брачаната двојка е заедно од 5 до 9 години. Овој период од брачниот живот има дури 146 разводи. Од аспект на возраста на брачните другари најризична група е таа кога мажот и жената се меѓу 30 и 34 годишна возраст. Во таа категорија лани имало 153 разводи. Лани имало дури 19 разводи на брачни другари постари од 65 години!!!
Од аспект на образовната структура најчесто лани се разделувале брачни другари со средно образование. Дури 596 брака се разведени во кои и двајцата партнери биле среднисти.
Само во 4 рурални општини лани немало разводи
На листата на општини во кои немало разводи лани се: Вевчани, Зелениково, Пласница и Лозово. Најмногу разводи имало во Прилеп и Охрид (како што напишавме горе), а на ранг листата се уште Тетово со 88 разводи, покуса не е Струга со 83 разводи, Гостивар со 81, Битола и Струмица со по 74, Аеродром со 73 и Штип со 71 развод. Кисела Вода имала 67 разводи, Гази Баба и Кочани со 62 разводи.