МАКЕДОНКА ОД МИЛАНО: Луѓето чекаат да заврши овој кошмар, внимавајте не е шега

Лела Садикарио која живее во Милано, Италија на својот Фејсбук профил објави трогателно сведоштво за состојбата со корона вирусот во оваа земја и упати апел до сограѓаните во Македонија сериозно да ја сфатат заканата од оваа болест. Повика да ги почитуваат препораките за спречување на ширењето на вирусот. 


Пишува дека дневно губат по 200 луѓе, а има и по 2.000 заразени. 

„Да, живеам во Италија – Милано, и затоа се решив да споделам со вас како се одвива животот овде во овие тешки денови и како мислам дека треба и мора да научите од грешките. Во моментов сме во карантин. Не може да се излегува на улица,
Ако излезеш без валидна причина Полицијата може да те казни! Сè е затворено!
Бизнис, Трговски центри, продавници, сите улици без жива душа.  Чувството е како да дошол крајот на светот! Италија, а Милано посебно секогаш бил симбол за добриот живот и тој живот се претвора од момент во момент, во едно темно место….место на војна! Тоа е реалност која никогаш не сум помислила дека ќе ја доживеам пак после 90-тите години со распаѓање на Југославија. Луѓето се збунети, тажни, вознемирени, беспомошни и претежно не разбираат како оваа реалност била присилена врз нив и кога ќе заврши целиот овој кошмар. Голема грешка беше тоа што, на почетокот сите постираа статистики да покажат дека вирусот е полесен него еден обичен грип, и луѓето продолжија да ги водат своите животи како и обично и работеа од дома, а всушност сите беа на улици, уживајќи го убавото време и чувствувајќи го моментот како еден вид на одмор, собири по паркови, гледање со пријатели, големи фамилијарни собири. Сите згрешија па дури и јас! Ве молам, внимавајте ова не е шега“, пишува таа. 

Вели дека треба да ги заштитиме родителите, бабите, дедовците и да бидеме одговорну затоа што е сериозно. 

Translate »