Израелските научници се блиску до лек за коронавирусот
Израелските научници тврдат дека за само неколку недели ќе биде претставена првата вакцина против новиот коронавирус.
Лекот наводно ќе биде достапен 90 дена откако се направат неопходните тестирања.
Научниците од Истражувачкиот институт Галилеј „МИГАЛ“ рекле дека работат на вакцина против заразен бронхитис (ИБВ) кај животни со перја. Вакцината е тестирана на Ветеринарниот институт и велат дека се покажала како ефикасна, пренесе Ерусалим пост.
Доктор Чен Кац , водач на биотехничкиот тим, вели дека нивен основен концепт било да развијат технологија а не специфично вакцина за овој или оној вирус. Оралната вакцинација индуцирала повисоки нивоа на специфични антитела против ИБВ на испитувањата. Научниците велат дека ако можат да го „прилагодат системот“ поврзан за коронавирусот кај преработка на луѓе, што ќе го направат за неколку недели, ќе имаат вакцина која спречува коронавирус.
The brightest & best minds in the world!! Well done Israel!
Israeli scientists: ‘In a few weeks, we will have coronavirus vaccine’ – The Jerusalem Post https://www.jpost.com/HEALTH-SCIENCE/Israeli-scientists-In-three-weeks-we-will-have-coronavirus-vaccine-619101 …Israeli scientists: ‘In a few weeks, we will have coronavirus vaccine’Once the vaccine is developed, it will take at least 90 days to complete the regulatory process and potentially more to enter the marketplace.jpost.com24911:59 AM – Feb 28, 2020Twitter Ads info and privacy108 people are talking about this
-Се што треба да направиме е да го прилагодиме системот на новата секвенца. Сега сме насред овој процес и се надеваме дека за неколку недели ќе имаме вакцина во нашите раце. Да, за неколку недели, ако успее ова, ќе ја имаме вакцината која спречува вирус“, истакнал доктор Кац.
Извршниот директор на МИГАЛ Давид Зигдон рекол дека прават се што можат за да го забрзаат развојот на вакцината, со оглед на итната глобална потреба од неа.