Како од пеколот – објавена досега најморничава верзија од говорот на Грета Тунберг во ОН, а веќе има 2 милиони прегледи
Создавачите на ова видео навистина го погодиле тонот. Доколку мислевте дека говорот на еколошката активистка Грета Тунберг во Он не може да биде повеќе апокалиптичен, време е да се преиспитате.
На интернет се појави “метал“ верзија од говорот на шведското девојче.
Песната ја продуцирал музичарот и јутјубер Џон Малоск, кој вели дека настапот на Грета во ОН го инспирирал да направи “метал“ верзија. Особено го истакнал делот од говорот каде што таа порачува: „Сакам да паничите!“.
Говорот на младата активистка ја освои планетата, а во него таа упатува драматични пораки кон светските лидери, користејќи изрази како што се “масовно умирање“, „како се осудувате“, „никогаш нема да ви простиме“…
Во метал верзијата од говорот овие пораки звучат уште побрутално.
“Метал“ говорот на Грета стана онлајн сензација, а веќе има 2 милиони прегледи на јутјуб.
Погледнте го видеото: