Војната помеѓу Саудиска Арабија и Иран би довела до „целосен крах на светската економија: Мохамед Бин Салман-саудиски приц
Војната помеѓу Саудиска Арабија и Иран би довела до „целосен крах на светската економија“, изјави саудискиот приц Мохамед Бин Салман.
„Доколку светот со силна и одлучна акција не се обиде да го одврати Иран, ќе бидеме сведоци на уште полоша ескалација која ќе им се закани на светските интереси“, изјави контроверзниот саудиски престолонаследник во емисијата „60 минути“ на американската телевизија “CBS”.
„Снабдувањето со нафта ќе се поремети и цените ќе скокнат до незамисливо ниво, нешто што во животот не сме го виделе“, изјави Бин Салман.
Според него, последиците од едно такво сценарио ќе ги почувствува целиот свет: „Ова подрачје обезбедува 30% од светското снабдување со енергенси, речиси 20% од светската трговија со стока и 4% од светскиот БДП. Замислете тие три работи да исчезнат. Тоа би било целосен крах на светската економија, а не само на Саудиска Арабија и другите земји од Блискиот исток“, порача Бин Салман за американската телевизија.

Саудискиот принц го оцени како апсурден нападот изведен на 14-ти септември на саудиските нафтени постројки за кој Ријад, Вашингтон и земјите од Европската унија тврдат дека е изведен од Иран.
„Тоа е не е стратешка цел. Само лудак ќе нападне 5% од светското снабдување. Единствената стратешка цел беше да покажат дека се глупави, па тоа и го направија“, изјави Бин Салман.
Синот на кралот Салман исто така беше запрашан дали го наредил убиството на новинарот кој го критикуваше неговиот режим – Џамал Кашогу кој брутално беше ликвидиран во Истанбул во 2018-та година.

„Воопшто. Тоа беше страшно злосторство. Но, во целост ја преземам одговорноста како челник на Саудиска Арабија, посебно затоа што тоа го направија луѓе кои што работат за саудиската влада. Тоа беше грешка“.
Сепак, токму Мохамед Бин Салман беше обвинет од независниот експерт на Обединетите нации кој пронашол „сигурни докази“ за неговата вмешаност, додека пак од ЦИА исто така смета дека престолонаследникот го нарачал убиството на новинарот.

