Сенатот на Шпанија на 17 март ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на  Македонија во НАТО.

И покрај кризата околу корона вирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија одлучи да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: ратификација на пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО…

Тоа ќе биде последното гласање, откако Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот парламент.

Translate »