Д-р Арбен Аголи: „Персоналот позитивен на коронавирусот, амбулантата под карантин“
Докторот од Дебар, кој пред неколку дена на својот Фејсбук профил објави фотографија со своите колешки кои што во рацете држеа порака на македонски и албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома“, и која што доби многу позитивни реакции, сега објави нова информација.
Тој на својот Фејсбук профил напиша:
„Бидејќи персоналот испадна позитивен, од утре амбулантата е под карантин 2 недели“.
„Од вработените имаме еден позитивен на коронавирусот, останатите немаат симптоми, но мора да останат во 14-дневен карантин“ – изјавил тој за „МИА“.
Оваа информација засега не е потврдена од Министерството за здравство, од каде што најавија дека ќе испратат соопштение за резултатите од последните тестирања.