Заев со сопругата на прием кај Трамп, им порачал дека го поддржува договорот од Преспа
Премиерот Зоран Заев сподели фотографија со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Њујорк, направена за време на Генералното собрание на Обединетите нации. Трамп му порачал на Заев дека го поддржува преспанскиот договор.
„Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од претседателот Трамп и првата дама Меланија во Њујорк за време на ГС на ОН. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори“, напиша Заев на социјалната мрежа „Фејсбук“ во описот на фотографијата.