Која е „страшната“ сестра на Ким Џонг Ун, која ако дојде на власт ќе стане „поголемо зло“?

Бидејќи продолжуваат да кружат гласини во врска со здравјето на Ким Џонг Ун луѓето се прашуваат кој би бил неговиот наследник ако тој умре. Актуелниот врховен лидер на Северна Кореја Ким не е виден неколку недели по ред откако било известено дека имал операција на срцето.

Додека некои весници објавија дека се шпекулира дека е мртов, најновите вести од Јужна Кореја сугерираат дека е „жив и здрав“.

Сепак, луѓето почнуваат да се прашуваат кој би го заменил, а според експертите тоа е неговтаа помала сестра Ким Џо Јонг. И покрај тоа што е жена во патријархално општество, професорката Наташа Линдстает, експерт за тоталитарни режими, смета дека полот на Ким Џо Јонг не би претставувал бариера за неа и дека таа би била прифатена како нов „тиранин“. Но, која е оваа жена која влегла во водите на политиката млада, со цел да му помага на својот брат?

Ким Џо Јонг е родена на 26 септември 1987 година и работи како севернокорејски политичар. Таа е заменик член на Политичко биро и заменик директор на Одделот за пропаганда и агитација на Работничката партија на Кореја. Таа е најмладата ќерка на поранешниот врховен лидер Ким Џонг Ил и бидејќи се смета за „омилено“ дете во семејството се верува дека таа е наследникот на нејзиниот брат.

Таа и нејизниот брат имаат блиски односи затоа што делеле изолирани години додека учеле заедно во Швајцарија од 1996 до 2000 година и во Северна Кореја, „каде се чини дека социјалната и емоционалната изолација се дефинирачка сила во нивните рани животи“, затоа што Ким Џонг Ил сакал да ги одалечи од влијанието на својот татко.

Можеби студирала на Воениот универзитет „Ким Ил-Сунг“ по нејзиното враќање. Таа исто така студирала Информатика на универзитетот Ким Ил-Сунг. Првиот јавен настап на Ким беше на фотосесијата за учесниците на 3-та конференција на Работничката партија на Кореја во септември 2010 година, кога стоеше веднаш до личниот секретар на нејзиниот татко.

Во октомври 2014 година, таа беше пријавена дека преземала државни обврски за нејзиниот болен брат додека тој се лекувал. На 9 февруари 2018 година, Ким Џо Јонг присуствуваше на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Ова беше првпат член на владејачката династија Ким да ја посети Јужна Кореја уште од војната во Кореја. Таа била и на состанок со јужнокорејскиот претседател, како и на средбата на нејзиниот брат со Доналд Трамп.

Таа исто така е ставена на црната листа за „тешка злоупотреба на човековите права“ во 2017 година од страна на американски официјални лица, заедно со други официјални лица од Северна Кореја. Традиционално, едно од децата на Ким Џонг Ун треба да го наследи, но се верува дека нејговото најстаро дете е сѐ уште мало бидејќи е родено во 2010 година.

Дали Ким Џо Јонг ќе го замени нејзиниот брат и дали ќе биде посурова како што се верува, останува да почекаме и да видиме.

Translate »