Очајна мајка на своите гладни деца им варела камења, владата ги трошела парите од СБ за чај и грицки (ВИДЕО)
Пенина Бахати Кицао, вдовица и мајка на осум деца од Мумбаса, во Кенија, била снимана како готви камења за да ги измами своите гладни мали деца дека подготвува оброк за нив.
Прегледи:14501 мај 2020, 16:27СподелиСподели
Шокантното видео беше прикажано на кениската телевизија, по што соседи, но и странци дојдоа да и помогнат.
„Се надевав дека децата ќе заспијат чекајќи да се свари оброкот“, вели Пенина низ солзи .
Несреќната жена до неодамна шиела алишта и заработувала за живот, но поради коронавирусот веќе не може да најде работа, јавува Би-Би-Си. Нејзиниот сосед Приска Момани им јавил на новинарите за нејзината тешка состојба.
Минатата година бил убиен нејзиниот сопруг во пресметка на локални банди.
„Добив многу телефонски повици од целата земја, сите ме прашуваат како можат да ни помогнат… Дарежливоста на кенискиот народ е големо чудо за мене“, рече Пенина, која живее во куќа со две спални соби без вода и електрична енергија.
„Не можев да ги измамам со готвење камења … Тие брзо сфатија дека сè е лага, дека нема храна, но не можев да им дадам ништо”, се пожали мајката на кениската телевизија.
Оваа шокантна приказна протече во јавноста во исто време кога се откри дека кениското Министерство за здравство потрошило огромни суми пари донирани од Светската банка за да купат чај, грицки и да им ги платат сметките за мобилни телефони на своите вработени.
Кенија досега регистрирала 395 случаи на инфекција со СОВИД-19, а 17 лица починале.