ГОРАТ УЛИЦИТЕ НА НЕАПОЛ: Илјадници се побунија против корона мерките, жестоки судири со полицијата (ВИДЕО)

Околу 2.000 луѓе се собраа на плоштадот Санта Луција во Неапол во петокот вечерта во знак на протест против ограничувачките мерки што ги воведе регионот Кампанија поради вирусот корона, пренесоа италијанските медиуми.

Собраните демонстранти извикуваа „сакаме слобода“, а потоа се собраа околу зградата на регионалната влада и го блокираа пристапот од брегот.

Италијанските медиуми јавуваат дека стигнале до шеталиштето од неколку насоки и дека се движеле низ централните делови на градот.

Translate »