ФОЈА подарува!
Кога ја прeсликуваме природата, или пак внесуваме дел од неа во градината, секогаш се добива одличен резултат. Градините кои се направени на таков начин каде што се вметнати различни елементи, како цветни леи, различни комбинации од растенија, каскади, алпиниуми со впечатливи растенија, делови со уникатен дизајн, зачински градини… и други различни елементи се секогаш одличен избор и се секогаш уникатни.
Бојата е еден од најважните елементи!
Со внесување на растенија кои се одликуваат со силна боја и колор во текот на годината, се постигнува многу.
Па затоа ве охрабруваме, доколку имате можност во градината да одвоите едно парче, каде што ќе формирате една цветна леа со прекрасните цветници Echinacaea purpurea и Rudbeckia fulgida ‘Goldstrum’ во комбинација или пак индивидуално.
Со нив со сигурност ќе го постигнете ефектот на воодушевување и ќе внесете боја во градината.
Echinacaea purpurea I Rudbeckia fulgida се повеќегодишни перени кои се одлични за одгледување во цветни леи, градини, како бордури… и претставуваат одличен начин да се внесе колорит и уникатност во градините.
•Echinacaea purpurea
Повеќегодишна перена со долги елегантни цветни дршки, кои на врвовите завршуваат со впечатливи розево виолетови цветови.
Во долниот дел садниците со со бујно зеленило во текот на пролетта и летото, со што се надополнува нивната декоративност.
Овој цвет трепери на сонцето – и боја и елеганција.
Кога величествената ехинацеа цвета, знаете дека е вистинско лето.
•Rudbeckia fulgida ‘goldstrum’ Повеќегодишна цветница-перена, која во текот на летото има прекрасни силно жолти цветови,во изобилие.
Кога се посадени во комбинација од повеќе садници, се како море од мали сончогледи.
Впечатливи и многу декоративни, нивната силно жолта боја, го разубавува секој простор ,го освежува и му дава нов изглед.
Внесете ја бојата на сонцето во вашата градина со прекрасната Rudbeckia
За двете цветни перени, важат истите карактеристики кога станува збор за начинот за одгледување и негување.
Може да се одгледуваат и на многу сончеви позиции, тие се исклучително издржливи садници.
Подлежат на кроење, на сувите листови и цветови , а во текот на зимата се губат, односно надземните листови се сушат, но рано напролет пролистуваат нови изданоци кои се уште поубави од претходната сезона.
По тој повод, ФОЈА ПОДАРУВА
Сите епитети кои ги имаат овие повеќегодишни цветни перени, нивната издржливост и декоративност, нам ни се омилени и затоа сакаме да ги споделиме и со Вас.
* За сите оние кои ќе го посетат Градинарскиот центар Фоја и за секоја нарачка направена онлајн, преку нашата веб продавница, следува подарок:
* СЕМИЊА ОД ЕХИНАЦЕА ИЛИ РУДБЕКИЈА , со упатство за сеење и одгледување.