Монструм посвоил бебе и го убил
31 годишниот Британец Метју Скали-Хикс е обвинет дека ја убил посвоената 18 месечна ќерка .
Тој го убил девојчето, само две недели, откако формално ги потпишал документите за нејзино посвојување заедно со својот партнер и брачен другар.
Претходно ја напуштил работата за да му се” посвети” на бебето кое потоа , со месеци, го тепал и физички малтретирал. Малата Елзи починала од удари во глава, покажала истрагата.
Oчувот постојано се жалел дека детето е неиздржливо и дека премногу плаче. ” Ова е ужасно, ова е пекол! Не можам повеќе да ја слушам, не престанува да плаче! Девојчево е дете на Сатаната!” еднаш на телефон му рекол на својот пријател.
Уште во 2015-та Елзи била дадена во домот на двојката, но формално била посвоена осум месеци подоцна. Убиецот по професија бил фитнес тренер, а со партнерот се запознал во Португалија, а подоцна и се венчале.
Во тек е судењето на обвинетиот во Велс.